Фудбал
Драмата го достигнува својот врв: Познати клубовите кои обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона
Привршуваат националните првенства низ Европа, а некои работи се веќе познати.
По овој викенд добивме повеќе клубови кои обезбедија директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Во европската клупска елита во новата сезона сигурно ќе ги гледаме Реал Мадрид, Барселона, Баерн, ПСЖ, Манчестер Сити, Ливерпул, Порто, Интер, Милан, Наполи, Јувентус, Борусија Дортмунд, Салцбург, Зенит, Спортинг.
Секако, настапот на Зенит се уште е под знак прашалник поради санкциите кон Русија, па ќе видиме што ќе се случи во наредните месеци.
Големата борба за Лигата на шампионите е во Премиер лигата. Челзи е блиску, а големата борба ќе ја водат Тотенхем и Арсенал.
Преполно е и во Германија, каде за уште две места во последните две кола ќе се борат Баер Леверкузен, Фрајбург, РБ Лајпциг, Келн и Унион Берлин.
Во Франција Марсеј, Рен и Монако се борат за уште едно место кое води директно, додека во Шпанија за две места се води борба меѓу Атлетико, Севиља, Бетис и Реал Сосиедад.
Секако дека ќе има клубови кои ќе играат во плеј-офот и ќе се пласираат во Лигата на шампионите, а на крајот на мај сликата целосно ќе се искристализира.