Connect with us

Фудбал

Луд натпревар на „Меаца“, Интер се чинеше дека ќе се поздрави со титулата, а потоа се случи чудо (ВИДЕО)

Во лудиот натпревар од 36. коло на Серија А, Интер победи со 4:2 против Емполи.

Не му одеше најдобро на актуелниот шампион на Италија. Веќе во петтата минута Пинамонти, фудбалер кој е нивен, а на позајмица во Емполи, ги доведе гостите во водство. Во 10. минута гол на Зурковски, но беше поништен поради офсајд.

Сепак, Аслани во 28. минута го удвои водството на Емполи и се чинеше дека Интер може да се збогува со титулата. Сепак, на полувремето беше 2:2.

Ромањоли си постигна автогол во 40. минута, а Лаутаро Мартинез погоди за 2-2 во 45. Во вториот дел играше само една екипа, тоа беше  Интер, а Емполи повлечен на својата половина. Голот за пресврт го постигна Лаутаро Мартинез во 64-тата минута откако гостинската одбрана не расчисти добро опасна ситуација пред нивниот гол.

Во судиското продолжение Алексис Санчез постигн гол за 4:2 на асистенција на Един Џеко, кој само една минута претходно погоди статива.

Интер по оваа победа повторно е лидер во Серија А со 78 бодови, бод повеќе од Милан и натпревар повеќе. „Росонерите“ во недела во 20:45 часот гостуваат на Верона.

Standings provided by SofaScore LiveScore