Фудбал
Мбапе, Рудигер…Ова е списокот на Карло Анчелоти!
Реал Мадрид ја освои титулата во Шпанија, а ќе игра финале во ЛШ против Ливерпул. Доколку го освои и овој пехар може да се каже дека тимот имал навистина одлична сезона. Во изминатиот период многу се шпекулираше дека Анчелоти ќе замине, но сепак шпанските медиуми денеска објавија поинаква вест. Наводно тој подготвнил список на нови засилувања. Како што е познато на тој список е Антонио Рудигер од Челзи, кој како слободен ќе дојде во Мадрид и се било договорено, а најголемата ѕвезда на преодниот рок треба да биде Килијан Мбапе, кој исто така треба да дојде без обесштетување.
Но, тоа не е се. Анчелоти сака посилен среден ред, па окото го фрлил на Фабиан Руиз од Наполи.
Летово ќе си заминат неколку фудбалери од екипата, а меѓу нив се Герет Бејл, Иско, Еден Азар, Лука Јовиќ.