Connect with us

Фудбал

Тудор: Милан има играчи за трето или четврто место!

Серија А влезе во неверојатно тензично финале. Милан и Интер водат мртва трка за титулата. Нероаѕурите моментално се први, но Милан има натпревар помалку во кој доколку победи ќе се врати на врвот на табелата. Тој натпревар го игра против Хелас Верона, предводена од Игор Тудор.

Хрватот одржа прес-конференција во пресрет на натпреварот. Тој коментираше за тимот на Милан:

“Кога ќе ги погледнете имињата на нивниот тим, тие треба да бидат трети или четврти на табелата. Ова е доказ дека Стефано Пиоли и клубот работат многу добро бидејќи се борат за титулата. Тие се на врвот втора година по ред“, вели Тудор.

Верона двапати во историјата му ја одзема титулата на Милан, поради што меѓу навивачите на Росонерите го доби прекарот Фатална Верона.

„Секако дека сме свесни за тоа. Сакаме да бидеме фатални, но сме ориентирани кон сегашноста. Знаеме дека тензиите ќе бидат повисоки од вообичаено, но мора постојано да се потсетуваме дека ова е уште еден првенствен натпревар“, додаде Тудор.

На крајот, тој коментираше за сезоната на Верона:

“Сакаме да оставиме добар впечаток бидејќи сите ќе го гледаат тој натпревар, но ние имаме голема мотивација. Сè уште можеме да поставиме рекорд по бројот на освоени бодови во Серија А. Мораме да се наметнеме напред, постојано напредувај и тоа е секогаш водилка, вели Тудор.

Натпреварот се игра вечерва од 20:45 часот.