Connect with us

Фудбал

Пукна „петарда“ на „Итихад“, Сити повторно на врвот (ВИДЕО)

Манчестер Сити повторно е на врвот во Премиер лигата. Откако Ливерпул синоќа го освои првото место со ремито над Тотенхем поради подобрата гол-разлика, Манчестер Сити денеска го одигра својот натпревар од 36. коло на Премиер лигата и славеше против Њукасл со 5:0.

Првиот гол падна во 19. минута. Кансело асистира, а Стерлинг постигнува гол за водство.

Пет минути подоцна Вуд постигна гол, но беше поништен поради офсајд.

Следни возбудувања се во 38. минута. Се обидоа Гундоган и Диас, а Лапорте налета и со добар скок со глава го удвои водството.

По 15 минути игра во вториот дел, нов гол во мрежата на страчките. По корнерот, Родри погоди.

До крајот и двата тима имаа шанса – Сити преку Зинченко, а Њукасл преку Вилсон, но vo 90-та погодува Фоден за 4:0. Тука не беше крајот бидејќи Стерлинг погоди во продолжението за високи 5-0.

Сега Манчестер Сити има 86 бодови, Црвените 83 бодови и се е во рацете на Граѓаните.

Standings provided by SofaScore LiveScore