Connect with us

Фудбал

Играше заедно со великанот, отиде на Светско првенство, а сопругата го изневеруваше со другар, стана бездомник и наркоман

Како дете имал многу трауматични искуства, но тоа не го спречи да стане елитен фудбалер. Станува збор за поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид, Барселона и шпанската репрезентација, Хулио Алберто (63), кој играше фудбал во 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

Веќе како момче можеше да почувствува дека животот нема да го гали. Неговите родители се развеле кога имал 12 години,а  тој бил испратен во сиропиталиште.

Во сиропиталиштето, постарите лица сексуално го злоставувале, тоа било тајна што тој сакал да ја задржи поголемиот дел од својот живот. Оттогаш се фокусираше на читање што е можно повеќе, а долги години никому не кажуваше за спорната тема.

Без разлика на проблемите, тој успеа да зачекори во светот на фудбалот. На 20 години потпиша за Атлетико Мадрид. Накратко беше на позајмица во Рекреативо, по што следеше враќање на тогашниот „Висенте Калдерон“.

Одличните игри за „Јорганџиите“ му овозможија на овој некогаш одличен лев бек да премине во Барселона каде што играше со најдобриот од тоа време, одличниот Диего Армандо Марадона.

Тогаш се чинеше дека неговиот живот му се насмевнува. Потоа се ожени со Кармен Ескамез, внуката на гувернерот на Централната банка на Шпанија, па дури и сними албум со неговата сопруга.

Одигра преку 400 официјални натпревари во 13 сезони и стана идол на навивачите на Барселона. Неговиот гол против Јувентус во полуфиналето на европските купови во 1986 година остана незаборавен и ги одведе Каталонците во финалето, но набрзо се се промени.

Барселона таа година загуби во финалето, а Алберто отиде на Светското првенство со репрезентацијата на Шпанија. Додека бил на Светското првенство во Мексико, сопругата го изневерила со близок пријател.

Кога се вратил, сопругата му признала се, а потоа следувал развод. Паралелно со разводот започна и падот во неговата кариера бидејќи тој повеќе не беше ниту сенка на играчот како порано.

Откако се збогуваше со фудбалот, влезе во светот на дрогата, го загуби домот и стана бездомник. Неколку пати живеел на улица. Во неколку наврати се предозирал со намера да си го одземе животот и преживеал неколку срцеви удари.

Но, како што велат. Она што не те убива те прави посилен. Така, сега Алберто се обидува да им помогне на луѓето кои поминале низ нешто слично како него.

 

Во една прилика подигнал 50.000 евра и им помогнал на бездомниците. Тој е редовен гостин во емисиите каде што ја раскажува својата тажна животна приказна. Има напишано неколку книги и е многу активен во добротворни активности.