Connect with us

Фудбал

Чави на десетмина им ја покажа излезната врата, има нов проект!

Чави Ернандез јасно им стави до знаење на раководството на клубот дека сака да направи нов проект. Тоа значи дека на лето клубот ќе доживее огромни промени, а во рамките на истиот нема место за десет досегашни членови.

Сите овие играчи кои беа отпишани од Чави во наредните денови ќе добијат јасна изјава дека не се смета на нив, за навреме да бараат нови ангажмани, но она што во последно време упорно и претставува проблем на Барселона се високите плати за играчите.

Долг е списокот на играчи кои ќе го напуштат клубот на постојан трансфер или само ќе заминат на позајмица. Тоа се Нето, Клемент Ленглет, Оскар Мингез, Семјуел Умтити, Мемфис Депај , Мартин Брејтвајт и Миралем Пјаниќ.

Некои од овие играчи биле контактирани од други клубови, но засега никој не добил официјална понуда.

Има многу индиции дека Барса ќе ја напуштат и Алекс Балде и Рики Пуиг, за кои се планира да ги позајми на други тимови. Адама Траоре и Луук де Јонг, пак, по истекот на позајмиците ќе се вратат во матичните клубови.

Исто така, некои играчи Барселона е подготвена да продаде доколку дојдат соодветни понуди, а најистакнати се Френки де Јонг и Сержињо Дест, додека се поизвесно е дека Астон Вила ќе го откупи договорот на Филипе Кутињо.