Connect with us

Фудбал

Евра го провоцираше Гвардиола, но сигурно зажалил (ВИДЕО)

Патрис Евра вчера ги изненади сите со коментарите за Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, а сега шпанскиот стручњак реши да му одговори.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го критикуваше Гвардиола и изјави дека сака да контролира се во својот тим и дека едноставно не поднесува играч со карактер кој би бил лидер на тимот. Евра изјави и дека Манчестер Сити не може да се смета за гигант во фудбалот, а темелите на овој клуб се само на богатите сопственици и дека немаат значајна историја во однос на фудбалските успеси.

“Сити има потреба од лидер во својот тим, но Гвардиола не сака такви играчи. Тој не може да поднесе кога има играч кој има силен карактер и страда од фактот дека тој е единствениот лидер што им треба. Јасно е дека тренерот треба да биде главен, но мора да имаш лидер на теренот“, изјави Евра.

Сепак, Гвардиола реши да му одговори на Евра на вчерашната прес-конференција пред натпреварот против Вулверхемптон и немаше милост кон поранешниот француски репрезентативец.

„Не сакам играчи со силен карактер? Не се согласувам со тоа, Патрис. Ова не е игра за мене. Ми требаат играчи со таков карактер и добри играчи на теренот бидејќи во спротивно немаше да бидеме на врвот. Не прочитав што кажа, но нека го види списокот, играчи кои ги тренирав во Барселона, Баерн и сега овде во Сити и се ќе му биде јасно“, порача, Гвардиола и продолжи.

„Повеќето од нив ги освоија Светските и Европските првенства, Лигата на шампионите и Шампионатот. Можеби Евра сето ова го кажува за да им се додворува на челниците на Манчестер Јунајтед и да се врати во клубот да работи. Сега со вакви изјави има шанса. Ок Патрис, ако некогаш победиш, ќе ти покажам со какви ликови и играчи работам“.

Манчестер Сити е на пат да ја одбрани титулата во Англија и по четврти пат во последните пет години доаѓа до овој трофеј.