Фудбал
Гвардиола ќе има страшен тим, ама дали доволно силен за пехар во ЛШ (ФОТО)
Манчестер Сити вчера и официјално соопшти дека Ерлинг Халанд е новото засилување на овој клуб. Халанд на крајот на оваа сезона ќе ја напушти Борусија Дортмунд и официјално ќе биде претставен како ново засилување на Манчестер Сити, што вчера го потврди клубот од Етихад. Сити за Халанд ќе му плати околу 70 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула, а со платите и бонусите за играчите и агентите, овој трансфер на крајот би требало да го чини Сити околу 200 милиони евра.
Покрај Халанд, пред неколку недели беше потврдено дека во Сити ќе дојде уште еден напаѓач, а тоа е Јулијан Алварез кој пристигнува од Ривер Плата.
Веќе е јасно дека Пеп Гвардиола ќе има страшен тим следната сезона, а навистина ќе биде на слатки маки кога е во прашање стартниот состав. Јасно е дека Сити сигурно уште ќе биде активен на лето, но според досегашниот играчки кадар составот на овој тим изгледа многу страшно.

Можен состав на Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Лапорте, Диас, Кансело, Родри, Де Брујн, Бернардо Силва, Фоден, Стерлинг, Халанд.
Се очекува Габриел Жесус сигурно да го напушти „Етихад“ и очигледно кариерата ќе ја продолжи во Арсенал. Сепак, Гвардиола воопшто не е загрижен поради тоа, бидејќи сега на позицијата на напаѓачите се Халанд и Алварез.
Исто така, сигурно е дека Сити ќе го напушти Фернандињо кому му истекува договорот, а се очекува Сити да донесе засилување и во средниот ред.