Connect with us

Фудбал

Парма не го пушта Пандев во пензија, сакаат да игра уште една сезона?!

Македонскиот најдобар фудбалер пред извесно време најави дека по завршувањето на оваа сезона ќе се пензионира од активното играње на фудбал, но дека ќе остане да живее во Италија. Сепак, денеска италијанските медиуми објавија интересна вест. Имено, Парма не му дава на Пандев да се пензионира и сакаат тој да игра уште една сезона. Италијанските медиуми најавуваат дека ова отвора сериозна дилема и кај Горан Пандев, дали да стави конечен крај на кариерата или сепак, да одигра уште една сезона. Пандев во Парма дојде пред шест месеци, а договорот беше до крајот на сезоната. Дали ќе се предомисли, останува да се види.