Connect with us

Фудбал

Изјава на Салах во стилот на Ибрахимовиќ и Роналдо!

Одличниот фудбалер на Ливерпул  Мухамед Салах даде изјава за која некои ќе кажат дека е целосно на место, додека некои ќе ја окарактеризираат како многу препотентна. Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо се можеби најпознатите фудбалери кои тврделе или тврдат дека се најдобри, а сега по нивните стапки тргна и Салах.

Откако неодамна беше избран за најдобар играч во Премиершип од страна на Здружението на спортски автори во Англија, очигледно е зголемена самодовербата кај Салах.

Во изјава за BeIN Sports, Салах рече дека е најдобар во светот кога станува збор за играчите кои играат на неговата позиција.

„Ако ме споредите со играчите на мојата позиција, не само со оние во мојот тим, туку и во светот, тогаш ќе видите дека јас сум најдобар“, изјави Салах.

„Секогаш се фокусирам на мојата работа, да го дадам најдоброто од себе и мојот настап е најдобар доказ за мојата изјава.

„Гледам секогаш да создавам нов предизвик за себе, да работам поинаку и да направам разлика, тоа е моја должност.

Салах ќе има два многу важни натпревари во следните две недели, кога ќе има можност да го докаже своето тврдење. Прво во финалето на ФА Купот против Челзи, а потоа и во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Салах оваа сезона има учинок од 30 гола и 16 асистенции во сите натпреварувања. Благодарение на статистика тој има многу силна основа за своите тврдења.