Connect with us

Фудбал

Енис Барди и соиграчите долго ќе го паметат мечот, Реал Мадрид им ја наполни мрежата (ВИДЕО)

Реал Мадрид забележа убедлива, висока победа против „фенерџијата“ Леванте за кој игра нашиот Енис Барди, кој во игра влезе од клупата во 36-та минута. Тогаш резултатот беше 3:0, а тренерот на гостинскиот тим направи две измени со намера да смени нешто во играта, но попусто, на Леванте му немаше спас.

Менди 13-та, Бензема 19-та, Родриго 34 и Винициус 40-та ја најавија убедливата победа на Реал Мадрид. Во второт дел расположен Виницус кој со уште два гола стигна до хет трик на овој меч. Вреди да се напомене дека Леванте се обидуваше да постигне барем почесен погодок, но сепак кога имате само еден директен шут во рамките од голот, тоа е премалку да ја затресете мрежата на „Кралскиот тим“. Леванте е последен на табелата и се чини дека тоа беше се од нив во шпанската Примера, иако во последните две кола има шанси, но само теоретски.

Standings provided by SofaScore LiveScore