Connect with us

Фудбал

Јувентус следната сезона со Погба, Ди Марија и Перишиќ?!

Екипата на Јувентус сезонава остана без трофеј откако во финалето на Купот на Италија загуби од Интер со 4:2 по продолженија. За следната сезона Алегри планира засилувања, бидејќи очигледно со овој состав не е конкурентен за пехар.

Угледната „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус посакува трио. Во летниот преоден рок ќе тргне по Пол Погба, Иван Перишиќ и Анхел Ди Марија.

Агентите на Погба вчера биле во Торино и направени се првите контакти. Според италијанските медиуми голема е веројатноста оваа операција да биде завршена успешно.

Следнио нивен чекор ќе биде Анхел Ди Марија од ПСЖ. Договорот на 34-годишниот Аргентинец со францускиот тим му истекува на 30-ти јуни 2022 година, па може да преговара со кој тим сака. По овој датум може да се пресели во друга екипа како слободен игра. Неколку медиуми објавија дека меѓу двете страни веќе паднал договор.

Истата ситуација е и со Перишиќ и Интер. Договорот му истекува по завршувањето на оваа сезона, а преговорите за нов „заглавија“. Интер му нуди помала плата од оваа што сега ја добива, па се уште нема заеднички јазик. Тоа сака Јувентус да го искористи, иако е тешко да се верува дека одличниот Хрват ќе прифати да се пресели во лутиот ривал. Пред неколку дена на социјалните мрежи фановите му порачаа да дојде во Јуве, а тој одговори: Никогаш!.

За Перишиќ беше објавено дека доколку не го продолжи договорот со Интер, најверојатно ќе продолжи во Челзи.