Фудбал
Бразилската фудбалска ѕвезда го носи трофејот од ФИФА Светско првенство во Скопје
Светското првенство во Катар се приближува. Ќе се одржи во ноември месец оваа година. Како и пред секој Мундијал, така и сега трофејот поминува низ светските држави пред да стигне на крајната дестинација, односно земјата домаќин.
Па, така оваа година поминува низ Македонија. Во сабота ќе го донесе поранешната бразилска ѕвезда Жилберто Силва, а ќе биде изложен во просториите на Пивара Скопје.
Настанот ќе се одржи во Пивара Скопје бидејќи турнејата на Трофејот на Светскотo првенство на ФИФА презентирана од Coca-Cola ја организира The Coca-Cola Company, нејзините подружници, поврзани друштва или полнилници, нивните правни следбеници, назначени лица, или оние кои дејствуваат со нивна дозвола.