Connect with us

Фудбал

Левандовски „пукнал“ во соблекувалната, пред соиграчите извикувал само едно име на фудбалски клуб

Баерн е клуб со дисциплина и евентуалните инциденти можат брзо и лесно да се решат без многу врева. Но, тоа не е случај со Левандовски. Веќе извесно време односите меѓу полскиот напаѓач и раководството на клубот се затегнати. Сето тоа кулминираше по последното коло во Бундеслигата кога Лева објави дека нема да го продолжи договорот.

Така Баерн е во ситуација да го продаде својот најдобар играч ова лето, во спротивно ќе го загуби бесплатно на крајот на следната сезона.

Се чини дека и самиот Левандовски почна да губи трага, а тоа го покажаа и случувањата од соблекувалната пред натпреварот со Волфсбург.

33-годишниот фудбалер наводно имал тензичен и интензивен телефонски разговор пред соиграчите, а зборувал на полски.

Поради јазичната бариера, соиграчите не разбрале се, но според извори на Билд, напаѓачот го повторил само зборот „Барселона, Барселона“.

Последиците од тој телефонски разговор дојдоа по мечот со „Волците“, кога тој му кажа на Хасан Салихамиџиќ дека заминува во нов клуб.

“Нема да потпишам нов договор. Треба да го најдеме најдоброто решение за двете страни. Му кажав на клубот, доколку дојде понуда, треба да размислиме”, изјави Пољакот.

Многумина веќе го гледаат Левандовски во дресот на Барселона, а се чини дека при телефонскиот разговор тој всушност открил каде сака да оди.

Левандовски заминува од Баерн со 21 освоен трофеј и неколку индивидуални награди како што е рекордната сезона 2020/21 кога постигна дури 41 гол во Бундеслигата.