Connect with us

Фудбал

Спречен хаос пред вечерашното финале, улиците околу стадионот како полициска зона (ВИДЕО)

Финалето на Лига Европа вечерва во Севиља ќе го играат Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт. Беше жешко непосредно пред почетокот на натпреварот. Познато е дека островските и германските клубови имаат групи на хулигани кои се најжестоките навивачи на клубот, но овој пат во Севиља беа спречени во потрагата по нов хаос.

Група навивачи на Ренџерс и Ајнтрахт започнаа конфликт на улиците на најголемиот град во Андалузија, но полицијата реагираше пред тоталниот хаос.

Полициските сили ги прекриле сите споредни улици и кафулиња во Севиља, како и главниот плоштад, така што навивачите немаат простор да дивеат.

Приврзаниците на Ајтнрахт тргнале во напад, но, според „Стандард“, полицијата веднаш ја уапсила група навивачи.

Добија благ ќотек како опомена, а потоа беа приведени на распит во полициска станица, а како што стојат работите вечерва нема да присуствуваат на финалниот дуел.

Споменатиот весник пишува дека пет навивачи на Ајнтрахт гаѓале со факели кон навивачите на Ренџерс, за среќа никого не повредиле, а специјалците на шпанската полиција веднаш ги санкционирале актерите.

Истото е и со навивачите на Ренџерс, па обидот за тепачка заврши во полициската станица.