Фудбал
Е, ова е вистинска љубов кон клубот, се пласираа во Трета лига, а имаат навивачи како да освоиле Лига шампиони (ВИДЕО)
Рот-Вајс Есен е еден од најстарите клубови во Германија, но со децении не е на големата сцена.
Пред неколку дена овој клуб го постигна најголемиот успех во поновата историја, т.е. се врати во третиот ранг на германскиот фудбал.
Есен е меѓу десетте најголеми градови во Германија, а се чини дека во градот со речиси 600.000 жители, фудбалот полека почнува да се враќа.
Rot-Weiss Essen – Rot-Weiss Ahlen 2-0
14-5-2022, Regionalliga West (4th)
Stadion an der Hafenstrasse
Essen (GER)#RWErwa #immeRWEiter pic.twitter.com/8gvCDtD0yW— Han Balk (@HanBalk) May 14, 2022
Пред околу 16.500 гледачи, Ален беше поразен со 2-0, што значеше дека РВЕ по долги 14 години се враќа во третата лига.
По натпреварот имаше големо славје, навивачите го наполнија тревникот и се славеше до доцна во ноќта како да е освоена Лигата на шампионите или некое друго престижно натпреварување.
РВЕ смета дека со промоцијата во третата лига ќе се отвори вратата за дополнителни приходи за оние од ТВ правата и спонзорите, а целта е во наредните години да се најде меѓу 25-те најдобри клубови во Германија.
Amazing scenes as Rot-Weiss Essen win promotion to 3.Liga. pic.twitter.com/X7REqmlmYv
— BundesligaBoxes (@BundesligaBoxes) May 14, 2022
Интересно, овој клуб банкротираше во 2010 година, но навивачкиот ентузијазам не престана, па тие полека чекаа и конечно го дочекаа својот момент на слава.
Eindrücke von der Essener Hafenstraße. Die Fans von @rot_weiss_essen sind schon bereit für den Profifußball. #RWERWA #RWE pic.twitter.com/BO448vjWy6
— Funke Sport (@FunkeSport) May 14, 2022
Патем, РВЕ во своите витрини има една титула во Германија и Купот на ДФБ, освоена во раните 1950-ти.