Connect with us

Фудбал

Го освоија пехарот, па претседателот на Ајнтрахт „удри“ по УЕФА: Зошто игравме на овој Мики Маус стадион?

Синоќа на стадионот Рамон Санчез Писхуан во Севиља се одигра финалето на Европската лига. По 90 и 120 минути игра, резултатот на семафорот гласеше 1:1, па започна пенал-рулетот.

Таму големо славје на Ајнтрахт, кој на тој начин го освои овој трофеј по 42 години, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Сепак, претседателот на германскиот клуб Петер Фишер ја прекори УЕФА за финалето кое се игра на Санчез Писхуан.

„Двесте илјади навивачи сакаа да бидат овде денеска, но 190.000 се тажни бидејќи играме на овој стадион на Мики Маус“, изјави претседателот на победникот во Лига Европа, кој не се помирува со фактот дека навивачите на Ајнтрахт добија само 10.000 влезници од УЕФА за овој натпревар..

По „инвазијата“ на Камп Ноу во четвртфиналниот реванш кога Ајнтрахт ја исфрли Барселона, германските навивачи излегоа на улиците на Севилја во последните денови каде имаше неколку судири со навивачите на Ренџерс кои исто така во голем број пристигнаа од Шкотска.