Connect with us

Фудбал

Легендарниот Кака стана тренер, како ли ќе се покаже!?

Легендарниот бразилски фудбалер Рикардо Кака планира да ја започне својата тренерска кариера. Шпанскиот АС пренесува дека поранешниот освојувач на Златната топка во својата татковина добил тренерска „лиценца“ и дека наскоро би требало да поведе некоја екипа.

Кака на Инстаграм објави слика на која позира со лиценца, со натпис „ недостасува само тимот“.

АС пренесува дека со оваа диплома легендарниот фудбалер може да води тимови, но сепак мора да се подобри за да ја добие конечната „про лиценца“.

Познатиот фудбалер во текот на својата играчка кариера имаше време да учи бидејќи, меѓу другите, тренираа трофејните стручњаци Карло Анчелоти и Жозе Мурињо.

Кака (40) зад себе има монументална кариера во која настапуваше за Сао Паоло, Милан, Реал Мадрид и Орландо Сити. За репрезентацијата на Бразил со која беше светски првак во 2002 година одигра 92 натпревари и постигна 29 голови.