Connect with us

Фудбал

Турскиот шампион прави екипа за ЛШ, го сака Алиоски?!

Екипата на Трабнзон, која оваа сезона ја освои титулата во Турција следната сезона ќе игра во ЛШ. Но, не планира само да учествува, туку сака да направи и конкурентен тим. Имаат во план неколку засилувања, а според турските медиуми меѓу нив се најде и името на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Во игра за потписот на Алиоски Трабзон беше заинтересиран и кога Џани си заминуваше од Лидс, но тогаш македонскиот репрезентативец се реши да замине во Саудиска Арабија каде што доби пет милиони евра за две години.

Алиоски има договор со Ал Ахли и останува да се види дали турскиот тим ќе го убеди тимот од Саудиска Арабија да им го продаде Алиоски.