Фудбал
Струмица ќе „гори“, 10 автобуси тргнаа од Струга, Воска за историја, Тиквеш за останување во „елитата“!
Денес на стадионот во Струмица „Благој Истатов“ се игра дуелот меѓу Тиквеш и Воска Спорт, победникот добива се, поразениот ќе игра во Втора лига.
Тиквеш игра за зачувување на прволигашкиот статус, додека Воска Спорт за историја, пласман во ПМФЛ.
Александар Ставрев ќе го суди ова дерби во Струмица на кое се очекуваат навивачи во организирани групи да пристигнат на „Благој Истатов“.
Тиквеш најави дека организирано ќе дојдат неговите навивачи со најмалку 10 автобуси, додека сериозна бројка на навивачи и поддржувачи најави и Воска.
Вториот бараж меч се игра меѓу Скопје и Беласица. Овој натпревар ќе го суди Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
Двата натпревари се играат денеска, со почеток од 17 часо.