Фудбал
Крај и за Нејмар, ПСЖ влегува во нова „војна“ со Реал Мадрид?!
Пари Сен Жермен е подготвен да го продаде Нејмар! Откако вчера беше потврдено дека Килијан Мбапе останува, се појавија вестите за бројни промени во Париз. Прв заминува спортскиот директор Леонардо, а по него Маурисио Покетино, но не е исклучено да замине и Нејмар.
ПСЖ е подготвен да го реконструира тимот, желбата на Мбапе е наместо Нејмар, кому му истекува договорот со Барселона, да дојде Осман Дембеле.
Кои се опциите за Нејмар?
Во моментов ги нема. Некогаш се поврзуваше само со враќање во Барса, но тоа е одамна задоцнета приказна. Барса нема намера да го доведе Нејмар и да има пари, не во овој тежок финансиски момент.
Тешко може некој од Премиер лигата да си го дозволи тоа, а не се зборува за заминување во Англија.
Нејмар не сака да го напушти Париз, но може да ја смени одлуката доколку клубот изрази желба да го продаде.
Нема да биде евтино, има и огромна плата, така што оваа работа нема да биде лесна за ниту еден клуб.
Се шпекулира и дека парите од продажбата на Нејмар би можеле да се искористат за трансфер на Чуамени од Монако кој се проценува на 80 милиони евра.
Проблемот со Чуамени е што и Реал Мадрид тргна во офанзива за да дојде до неговиот потпис, кога Мбапе реши да остане во Париз. Перез сака да се засили по секоја цена, Чуамени е голема желба како долгорочна замена за Касемиро, па ПСЖ и Реал практично ќе водат нова војна.