Connect with us

Фудбал

Нека „гори“, навивачите на Милан подготвиле спектакл (ВИДЕО)

Попладнево од 18:00 часот се играат двата меча кои ќе го одлучат годинешниот шампион. Милан или Интер, ќе се знае некаде пред 20 часот кога ќе завршат овие мечеви. Милан му гостува на Сасуоло, а Интер ја пречекува Сампдорија.

„Росонерите“ имаат два бода повеќе пред овој дуел и само треба да одиграат нерешено за да ја освојат титулата, бидејќи имаат подобар меѓусебен скор со Интер (2:1 и 1:1). Навивачите на Милан подготвиле вистински спектакл. Уште сега атмосферата е загреана, а иако е гостин, Милан вечерва ќе игра како да е на домашен терен. На стадионот на Сасуоло, со капацитет нешто повеќе од 21.000, Милан ќе има околу 18.000 свои навивачи.