Connect with us

Фудбал

Јас сум глупав, познат новинар се навредуваше себе си, бидејќи прв објавил дека Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Познатиот шпански новинар Хосеп Педрерол беше меѓу првите кој пред неколку месеци објави дека Килијан Мбапе пристигнува во Реал Мадрид.

Тој често носи ексклузивци во своето шоу El Chiringuito, а пред неколку месеци  објави дека Мбапе има договор со „кралевите“ и ќе пристигне во Мадрид. Сепак, иако постигна договор со шпанскиот шампион, Мбапе вчера одлучи да ја прифати понудата на ПСЖ, и потпиша нов договор до 2025-та.

Тоа го шокираше Педрерол и тој самиот се навреди во вчерашната емисија.

„Кога Мбапе вети, ви го соопштив тоа. Ве уверував дека ќе игра за Реал Мадрид“, изјави Педрерол, а потоа почна да се навредува.

„Јас сум будала. Јас сум глупав. Глупав сум затоа што им верувам на луѓето на збор. Ќе научам од ова“, изјави познатиот новинар.