Фудбал
Лапорта со лоши вести за навивачите: Не знам што се случува, ама повеќе не нудиме!
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта синоќа донесе доста загрижувачки вести за навивачите на каталонскиот тим.
Младата надеж на Барса, 17-годишниот Гави, се уште нема потпишано нов договор со клубот, а се е попречено од неговиот агент. Лапорта не знае што се случува и зошто одолговлекува и не му е грижа.
“Не можеме да разбереме зошто агентот на Гави сака да го одложи продолжувањето на соработката со клубот. Се уште го чекаме”, изјави Лапорта и ја продолжува приказната:
“Гави има само 17 години и ја претставува сегашноста и иднината на клубот. Не разбирам зошто агентот го одолговлекува потписот. Платата што ја понудивме е многу прифатлива. Нема да му понудиме повеќе бидејќи јас не сака Барселона да оди таму каде што ја однесоа моите претходници. Би порачал агентот да ги прифати нашите услови што е можно поскоро, вели Лапорта.