Фудбал
Ја славеше титулата како крал, но сега доби лоши вести од лекарите, дали ова значи крај?!
Иако има 40 години, успеа да го освои 34. трофеј во големата кариера, но се чини дека наскоро Златан Ибрахимовиќ би можел да каже збогум на професионалното играње фудбал.
Имено, Милан денеска потврди дека Ибрахимовиќ бил принуден на операција на коленото откако му биле извршени детални прегледи, а тоа многу може да влијае на неговата одлука да ја заврши кариерата.
Ибрахимовиќ поради операција на коленото ќе биде надвор од терените околу седум-осум месеци, што значи дека сигурно ќе го пропушти првиот дел од сезоната доколку го продолжи договорот со Милан на уште една година.
Сепак, медиумите во Италија веруваат дека Ибрахимовиќ сигурно ќе објави крај на кариерата бидејќи јасно е дека не е баш во годините кога може така лесно и брзо да се опорави од тешките повреди.
Ибрахимовиќ и оваа сезона имаше доста проблеми со повреди, а во сите натпреварувања забележа вкупно 27 настапи, а постигна осум гола и запиша уште три асистенции.
Official Statement: Zlatan Ibrahimović ➡️ https://t.co/w3nDPf4bS3
Comunicato Ufficiale: @Ibra_official ➡️ https://t.co/GmwH4e3kiW#SempreMilan pic.twitter.com/teSiLQAXWf
— AC Milan (@acmilan) May 25, 2022