Фудбал
Фудбалскиот свет згрозен од постапката: Навивачи на италијански тим, пресретнаа со автомобили фудбалер и го натераа да се соблече среде улица
Фудбалскиот свет остана во шок откако беше објавено видео на кое италијанските ултраси го принудуваат фудбалерот да застане покрај патот, а потоа да се соблече само по долна облека.
Италијанскиот нисколигаш Авелино загуби во баражот за промоција во Серија Ц од Фоџа со 2-1, а по натпреварот играчот од средниот ред, кој потекнува од Романија, Клаудиo Микоски беше принуден да застане откако го пресретна автомобил управуван од револтирани навивачи.
Поранешниот ас на Џенова (23) беше принуден да ја соблече клупската тренерка во инцидент што се случи на 4 мај на полноќ.
Инцидентот на Микоски со незадоволните навивачи веројатно го предизвика синот на претседателот Авелино.
Имено, Џовани Д’Агостино на прес-конференцијата по натпреварот вината за поразот ја префрли директно на играчите.
MICOVSCHI DELL’#AVELLINO AGGREDITO DOPO LA SCONFITTA AI PLAYOFF. AI DOMICILIARI GLI ULTRÀ
Ecco le immagini dell’aggressione, avvenuta il 4 maggio, di Claudiu #Micovschi, calciatore romeno, dopo la sconfitta in casa dell’Avellino nei playoff di Serie C con il Foggia. pic.twitter.com/6TGOrCSUUI
— Sportitalia (@tvdellosport) May 24, 2022
„Лесно е да се види дека вистинските виновници овде се играчите. Тие не покажаа дека се достојни да го носат овој дрес“, рече тој.
Д’Агостино рече дека клубот ги штити играчите, но, сигнализирајќи промена на ставот, повика работите да станат „невозможни за живот“ за играчите.
„Не сакам да бидам погрешно сфатен, но ситуацијата треба да биде неподнослива за некои од играчите сега. Можеби навивачите можат да ни помогнат“, продолжи тој.
Италијанската полиција уапси двајца мажи на возраст од 22 и 30 години.
И двајцата би можеле да се соочат со обвиненија за заканувачко однесување. Жената која била со двајцата мажи се уште не е идентификувана.