Фудбал
Со Мурињо освои пехар во Европската конференциска лига, а потоа збогум и преселба во Интер
Италијанските медиуми објавија дека Хенрик Мхтаријан се сели во Интер. Имено, на него му истекува договорот ова лето со Рома, а наводно веќе ги договорил сите услови со „Нероаѕурите“ и како слободен се сели во Милано.
Ерменецот, синоќа во Тирана, одигра само 15 минути против Феенорд. Теренот го напушти поради повреда. „Газета дело Спорт“, тврди дека Мхтаријан ќе потпише двегодишен договор.