Connect with us

Фудбал

Меси освои втор трофеј со Аргентина, па ги испочитува сите соиграчи поединечно (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Аргентина во средата ја победи Италија со 3-0 и го освои трофејот Финалисимо

Мечот за овој трофеј се одигра за прв пат по 29 години, а силите ги одмерија шампионите на Европа и Јужна Америка. На крајот, Аргентина им одржа лекција на Аѕурите на Вембли и славеше убедливо со 3:0. За Аргентинците ова беше втор освоен трофеј за само 11 месеци, со што ја потврдија одличната форма пред Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.

До вториот трофеј во репрезентативниот дрес дојде од Лионел Меси, кој многумина го оспоруваа дека со Аргентина не е ни приближно успешен како со клубовите, но се чини дека работите сега конечно се сменија.

Меси и по доделувањето на трофејот беше главна ѕвезда на теренот бидејќи речиси сите репрезентативци ја искористија можноста да се фотографираат со него.

Капитенот на Аргентина застана на центарот на теренот со трофејот во рацете, а играчите и репрезентативците само се менуваа и се фотографираа со него за да имаат одлично сеќавање по победата на Финалисима.

Слично нешто видовме пред една година кога Меси го освои Кралскиот куп со Барселона, а потоа играчите на Барса го „бомбардираа“ кога е во прашање сликањето.