Connect with us

Фудбал

Велс ја совлада Украина и по 64 години ќе игра на Светско првенство (ВИДЕО)

Селекцијата на Велс е последниот патник на Светското првенство кое во ноември ќе се игра во Катар. Попладнево во финалето во бараж мечевите, ја совлада селекцијата на Украина со 1:0 и по 64 години пауза обезбеди пласман на еден мундијал.

Победникот беше решен на крајот од првото полувреме со автоголот на Јармоленко после шутот од слободен удар на Бејл. Впечаток е дека Украинците беа подобар ривал, но на крајот не се радуваа.