Фудбал
Неверојатно, Интер треба да плати 800.000 евра на напаѓач кој одиграл само 23 минути
Сезоната во Италија заврши. Титулата ја освои Милан, а Интер заврши втор. Иако не ја одбранија шампионската титула, сепак може да се каже дека „Нероаѕурите“ имаа успешна година, откако го освоија пехарот во Купот и пехарот во Суперкупот.
Ќе следува промена во играчкиот кадар, а она што е сигурно е тоа дека позајмицата од Џенова на Каиседо, кој дојде во вториот дел од сезоната, завршува. Италијанските медиуми објавија дека за овие шест месеци Интер на Каиседо ќе му плати 800.000 евра. Тоа секако се премногу пари, ако се знае дека тој одигра само 23 минути. Се на се Каиседо одигра 18 минути против Сампдорија, 1 минута против Фиорентина и 4 минути против Џенова.