Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид за 100 милиони евра доби нов „крал“?!

Прво засилување за новата сезона за актуелниот европски и шпански првак Реал Мадрид. Орелјан Чуамени 22-годишен дефанзивец е нов „Крал“. Како што пишуваат шпанските медиуми целата инвестиција за овој фудбалер на Монако, Реал Мадрид ќе го чини 100 милиони евра. Имено, станува збор за 80 милиони евра обесштетување, кое шпанскиот тим ќе му го исплати на Монако, а потоа 20 милиони дополнителни евра преку разни бонуси. Договорот помеѓу Чуамени и Реал Мадрид е до 2027-ма година.