Connect with us

Фудбал

Спортскиот директор на Интер насмеан од уво до уво, го прашаа за големото засилување..

По средбата со челниците на клубовите од Серија А, спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота, им даде повод на новинарите со широка насмевка да ги објават големите засилувања на „Џузепе Меаца“.

Интер остана без титула на крајот од сезоната и му ја препушти на градскиот ривал Милан, но сепак го освоија Купот и Суперкупот, а имаат големи планови пред сезоната 2022/23.

Амбициозното раководство на клубот има намера да доведе нови засилувања. Трансферот на искусниот играч за врска Хенрих Мхитарјан од Рома е веќе договорен, но повеќето навивачи се уште ги интересира Пауло Дибала кој е без договор,

Марота е експерт за доведување добри играчи без отштета, одлично се снајде во Јувентус, а се чини дека од градот Торино ќе „грабне“ важен фактор за неговиот тим во наредните сезони.

Откако новинарите го прашаа дали ќе дојде Дибала, Марота со широка насмевка рече: „Ќе видиме“.

Сепак, изразот на неговото лице во голема мера сугерира дека Аргентинецот е на пат и ќе го облече дресот на Интер, а во тек се преговори за враќање на Ромелу Лукаку од Челзи. Доколку дојдат и двајцата, Интер без сомнение ќе биде меѓу главните фаворити за скудетото.