Фудбал
Откако му помогна да се врати во Бундеслигата, Шалке сака да го задржи Македонецот!
Шалке се врати во Бундеслигата и тоа со победа во последното коло. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, имаше директен удел во победата од 2:1 против Нирнберг со асистенција при првиот гол за 1:0. Но, се чини дека главниот меч беше едно коло претходно кога Шалке со 3:2 беше подобар од Сент Паули иако губеше со 2:0. На тој меч Чурлинов имаше асистенција за еден, а ја почна акцијата при вториот гол.
Сега, откако им помогна да се вратат во Бундеслигата, Шалке сака да го задржи во своите редови. Како што е познато Чурлинов како позајмен настапуваше од Штутгарт, но тој договор заврши со завршувањето на сезоната. Сега, Шалке се обидува со нова позајмица да го убеди Штутгарт да им уште еднаш да им го отстапат Чурлинов.