Connect with us

Фудбал

Фазлагиќ по дебито за сениорскиот тим: Оваа репрезентација секогаш оди на победа!

Енис Фазлагиќ, кој за прв пат играше во сениорскиот национален тим на Македонија е задоволен од победата и перформансот на селекцијата особено по првите 45 минути.

-Еден убав меч. Победивме со 4:0, благодарејќи на првото полувреме кое беше прекрасно од наша страна. Во второто полувреме, гледавме да го затвориме мечот и со што помалце грешки да го завршиме натпреварот и мислам дека е добро. Секако дека на следните мечеви ќе одиме да победиме. Оваа селекција на секој меч оди со мисла на позитивен резултат, односно на победа. Така ќе биде и сега, вели Фазлагиќ.