Фудбал
Етеми по првиот настап за Македонија: Пресреќен сум, сезоната ја завршувам со настап за репрезентацијата
Валон Етеми, фудбалер на турскиот Истанбулспор исто така имаше свое деби во националниот тим. Малку му фалеше да го круниса тоа со гол, но во 91-та минута неговиот удар од работ на шеснаесетникто заврши во стативата. Како и да е, тој вели дека е среќен што репрезентацијата победи со 4:0 и среќен е што завршил сезона со настап за националниот тим.
-За почеток да кажам дека навистина сум среќен. Долго го чекав овој момент, претходно имав три пати повик, но не настапив. Ова беше перфектен финиш на сезоната, со деби за националниот тим. Среќен сум што тимот победи со 4:0. Ова е уште поважно од моето деби, но навистина сум среќен што завршувам една сезона во настап за репрезентацијата.