Connect with us

Фудбал

Матиќ стигна кај Мурињо, лекарски прегледи, па потпис (ВИДЕО)

Српскиот играч за врска Немања Матиќ пристигна во Рим и денеска ќе ги мине лекарските прегледи пред да потпише договор со Рома.

Тој ќе потпише едногодишен договор со римскиот клуб во кој доаѓа како слободен играч од Манчестер Јунајтед, а ќе му се приклучи на својот поранешен тренер Жозе Мурињо со кој ќе соработува по трет пат.

Матиќ одигра 159 натпревари под водство на португалскиот тактичар и ќе го замени Хенрих Мхитарјан, бидејќи Ерменецот заминува во Интер.

Доаѓањето на Матиќ ги израдува сите во Рома, навивачите се воодушевени, веруваат дека и покрај годините ќе биде големо засилување за Рома следната сезона.