Фудбал
Другите ѕвезди уживаат на егзотични плажи, а Мане игра фудбал во кал во неговото село (ВИДЕО)
Многу фудбалери се решаваат за време на летниот одмор да посетат некоја егзотична дестинација и да уживаат во морето, но има и такви кои само сакаат да се вратат дома.
Меѓу таквите играчи е и Садио Мане, кој ја користи секоја можност да се врати во Сенегал за да помине што повеќе време со семејството и пријателите.
Sadio Mane involved in a community game whilst on holidays in his hometown in Senegal. pic.twitter.com/iGGlTTZeoQ
— BRGoals (@BRGoals) June 15, 2022
Мане секогаш сака на некој начин да им помогне на своите луѓе за време на одморите, а така беше и овој пат. Имено, тој во местото каде што пораснал одиграл хуманитарен натпревар, а таму се појавиле многу сенегалски ѕвезди.
Натпреварот се одигра вчера во Бамбали во јужен Сенегал каде што израсна Мане, а имаше и фудбалери како Ел Хаџи Диуф, Папис Сисе, Мбаје Диањ и Дезир Сегбе. Мане реши да го организира овој натпревар за да собере пари за своето село во кое е роден. Тој со години им помага на својот народ, особено на граѓаните од местото каде што израснал. Тој донирал речиси милион фунти за изградба на болница во Бамбали, но и за изградба на ново училиште. Мане продолжува да помага колку што може и секако е најдобар можен пример за тоа како треба да се однесува еден фудбалер.