Connect with us

Фудбал

Лукаку пред вратите на Интер, Џеко заминува, лутиот ривал можна дестинација, но и „Кралскиот клуб“

Медиумите во Италија објавија дека преговорите помеѓу Челси и Интер за враќање на Лукаку во Милано се во завршна фаза. Наводно само се преговара околу формулата за исплата. Според информациите тоа ќе биде позајмица 1+1 година, а потоа откуп и тоа исплата на неколку рати.

Доаѓањето на Лукаку во Интер значи и заминување на некој од напаѓачите, Џеко, Кореа, Алексис Санчез. Освен Лукаку, доаѓа и Дибала, па со Лаутаро тоа ќе биде ударното трио, а потребен е уште еден напаѓач за ротација. Најверојатно тоа ќе биде Кореа, а Алексис и Џеко ќе мора да заминат.

Италијанските медиуми пишуваа дека иако Џеко е во одминати години сепак нема да има проблем да најде нов клуб. Наводно Јувентус и Реал Мадрид се заинтересирани за неговите услуги. Дали Јуве сака да возврати на Интер за тоа што го договорија Дибала и дали ќе успее во тоа останува да се види. Се би требало да биде познато до крајот на месец јуни.