Фудбал
Ниту Зидан, ниту Покетино, новиот тренер на Челзи е вистинско изненадување
Греам Потер ќе го преземе Челзи по отказот доделен на Томас Тухел. Лондонскиот клуб усно се договорил со тренерот за соработка.
Оваа информација ја пренесуваат „Гардијан“, „Дејли мејл“ и уште неколку британски медиуми. Во моментов Челзи ги подготвува потребните документи. Во наредните часови клубот ќе се договори со Брајтон за условите за исплата на обештетувањето. Според „The Guardian“, тоа ќе биде околу 16 милиони фунти. Брајтон, според Џанлука Ди Марцио, исто така се согласил на заминување на Потер. Пред клубот од јужниот брег на Англија, тренерот работеше со Свонси и шведски Естерсунд.
Претходно англиските медиуми објавија дека Зинедин Зидан и Маурисио Покетино се кандидати да го наследат Тухел.
Интересно е тоа што тренерската смена Челзи ќе го чини цели 31 милион евра само на име на обештетување. Имено, според англиските медиуми за отказот на Тухел ќе мора да му платат 15 милиони евра, а на Брајтот 16 милиони, поради тоа што Потер ќе го раскине предвреме договорот и ќе премине во Челзи.