Фудбал
Се за Конте – Астрономска плата и буџет од 200.000.000!
Кога италијанскиот менаџер Антонио Конте ја презеде клупата на Тотенхем од Нуно Еспирито Сантос минатиот ноември, тимот беше во голема криза и далеку од лидерското место во Лигата на шампионите.
Во својот препознатлив стил, Конте брзо ги сврте работите, па на крајот од сезоната „Петлите“ најдоа место меѓу четирите најдобри и изборија учество во елитното натпреварување.
Тотенхем во актуелната сезона влезе со големи амбиции и може да се каже дека му оди доста добро. Во моментов се на третото место во Премиер лигата со 23 бода, исто толку има и актуелниот шампион Манчестер Сити, а четири помалку од Арсенал.
Во групата на Лигата на шампионите, тимот на Конте е на првото место пред Франкфурт, Спортинг и Олимпик Марсеј.
Сите овие податоци имаат само една логична последица – нов договор за менаџерот Антонио Конте.
Според информациите, Даниел Леви сака да ја обнови соработката со Конте и да го продолжи договорот пред почетокот на Светското првенство.
Италијанецот, кој е познат по кусите престои во клубовите, има договор до крајот на сезоната, а планот е да го удвои и тоа со одлични финансиски услови.
Конте моментално заработува 15.000.000 евра годишно, а неговата плата би требало да биде 5.000.000 повеќе, додека неговиот трансфер буџет во следните две сезони би изнесувал 200.000.000 евра.
Сепак, и покрај одличните финансиски услови, на Тотенхем ќе му биде тешко да го задржи Конте, чие име се поврзува со многу побогатиот Пари Сен Жермен, европскиот шампион Реал Мадрид и секако неговиот Јувентус.