Connect with us

Фудбал

Го нарекуваа хрватскиот Меси, му предвидуваа блескава кариера, а сега не ги помина ниту лекарските прегледи во грчки Арис

Поранешниот хрватски талент Ален Халиловиќ (26) беше блиску до преселба во Арис, но не потпиша за тој клуб бидејќи не ги помина лекарските прегледи и затоа што неговите претставници во последен момент ги „зголемија“ финансиските барања.

Како што пишуваат грчките медиуми, преговорите дефинитивно  „пропаднале“ и некогашниот бисер на Динамо Загреб и Барселона повторно е во комплицирана ситуација.

Ваквиот исход е многу изненадувачки, бидејќи Ален пристигнал во Солун, се фотографирал со шал, а потоа клубот се загрижи кога ги виде резултатите од неговите физички тестови. Тоа требаше да биде неговиот 12-ти клуб во професионалната кариера која започна во 2012 година, кога имаше само 16 години.

Овој талент го откри Здравко Мамиќ, го продаде на Барселона за 2,2 милиони евра со можност отштетата да биде поголема доколку игра за „А“ тимот, но никогаш не заигра. Потоа смени голем број тимови – Спортинг Хихон, Хамбург, Лас Палмас, Милан, Стандард Лиеж, Херенвен, Бирмингем, Ридинг…

Првиот дел од тековната сезона го мина во Риека, за која одигра 11 натпревари и постигна гол, со тоа што во октомври, ноември и јануари одигра само два натпревари – против Горица (кога беше стрелец) и во дебаклот против неговиот поранешен клуб, Динамо Загреб (2:7).

Ален е сè уштемлад, има само 26 години, но неговата кариера во овој момент, како и претходните години, не изгледа ни приближно на она што беше предвидено. Колку за потсетување, кога потпиша за Барселона го нарекуваа „Хрватскиот Меси“.