Connect with us

Фудбал

Фудбалерот Дрес Мертенс носи пакети за помош на настраданите во Турција (ФОТО)

Целиот свет се мобилизираше за помош на Турција и Сирија кои бројат илјадници жртви од катастрофалниот земјотрес што ги зафати овие две земји. Помош се собира на сите страни, а ниту големите ѕвезди не седат со скрстени раце. Дрес Мертенс, поранешен фудбалер на Наполи, сега член на Галатасарај собира и носи пакети со помош за настраданите во Турција. Секако не е само тој, има и други кои се вклучени во собирање на помош, пример кој треба да го следат многумина.