Connect with us

Фудбал

Шок за Барселона и Реал Мадрид, Ла Лига им се налути и ги исклучи од преговорите

Барселона и Реал Мадрид веќе подолго време се во несогласувања со Ла Лига по дебаклот во Европската Суперлига.

Двата шпански гиганти си земаа за себе да го промовираат проектот за Европска Супер Лига, заедно со италијанскиот гигант Јувентус. Секако, тоа доведе до расправии со Ла Лига, при што претседателот Хавиер Тебас постојано беше гласен против конкуренцијата.

Според дел од шпанските медиуми Тебас сега отишол чекор понатаму со тоа што не ги поканил ниту Барселона, ниту Реал Мадрид на состанок за правата за ТВ пренос. Тој дополнително им го одзеде правото на глас во советот.

Ова дојде веднаш по јавните коментари на Тебас против ЕСЛ, каде што Шпанецот го коментираше натпреварувањето како „волк преправен во баба“.