Фудбал
Во ноќта резервирана за Лига на шампиони, се игра најважното дерби во Премиер лигата
Од синоќа се вратија возбудувањата во Лигата на шампионите. Баерн Минхен како гостин го совлада ПСЖ со 0:1, а со истиот резултат Милан славеше дома против Тотенхем во првите осминафинални пресметки. Вечерва на програмата се уште два дуели. Борусија Дортмунд-Челзи и Клуб Бриж-Бенфика.
Иако ноќта е резервирана за Лигата на шампионите, сепак вечерашните пресметки како да паѓаат во втор план. Причина за тоа е најважното дерби во Премиер лигата оваа сезона. Арсенал го пречекува Манчестер Сити, во пресметката помеѓу првиот и вториот на табелата. Двете екипи имаат мал пад на формата, но ако „Топџиите“ победат вечерва, тоа ќе значи за нив голем исчекор кон шампионската титула. Доколку Манчестер Сити победи, тогаш ќе се израмнат со бодовното салдо, па трката до крајот ќе биде супер интересна.
Мечот започнува во 20:30 часот.