Фудбал
Јувентус рано поведе, доминираше, на крајот без победа, па дури и оштетен (ВИДЕО)
Јувентус одигра 1:1 против Нант во Лига Европа, во меч во кој италијанскиот тим доминираше. Поведоа многу рано уште во 13-та минута со голот на Душан Влаховиќ. Израмнувањето стигна преку Блас во 60-тата минута.
Но, моментот кој долго ќе се коментира е спорниот момент во судиското продолжение.
Имено, сите очекуваа да биде покажан пенал, па дури и коменторите на преносот веќе почнаа да лицитираат со имињата околу тоа кој би можел да го шутира пеналот, но за нивно изненадување, а и на публиката на стадионот судијата покажа дека имало прекршок во напад.