Connect with us

Фудбал

Како Марадона, како Роберто Баџо, многумина не знаат правилно да му го кажат името, ама тој постигна феноменален гол (ВИДЕО)

Наполи е на +18 од Интер и меч повеќе во Серија А. Само чудо може да го спречи тимот за кој игра и нашиот Елиф Елмас, па сезонава да не ја освојат шампионската титула, прва по ерата на Диего Армандо Марадона.

Голема заслуга за тоа има одличниот Грузиец Кварацхелија. Тој игра навистина фантастично и се чини дека е мотор на тимот. На синоќешниот меч против Сасуоло Наполи славеше со 2:0, а еден гол постигна тој. И тоа каков гол, помина половина терен и ја затресе противничката мрежа.