Connect with us

Фудбал

Тој е најтрофеен играч на Реал Мадрид, а доживеа да биде избркан од грчки тим, бидејќи не ги оправдал очекувањата

Бразилецот Марсело (34) ќе стане слободен играч откако ќе стави потпис на заеднички договорен раскин на договорот со Олимпијакос. Познатиот лев бек заминува по само пет месеци минати во клубот, за кои собра 10 натпревари и постигна три гола. Марсело пристигна во Атина во септември, а Грците тогаш го претставија како „вистинска фудбалска легенда“. Тој е е најтрофеен играч во историјата на Реал Мадрид со кој освои 25 трофеи во периодот од 2007 до 2022 година. Сепак, тој не ги оправда очекувањата во Грција.

Слична судбина во Олимпијакос доживеа и поранешниот хрватски репрезентативец Шиме Врсаљко. Тој пристигна и како слободен играч за време на минатиот летен преоден рок, за грчкиот гигант да го раскине неговиот договор на крајот на јануари.