Connect with us

Фудбал

Не им дадоа да спијат, навивачите на Ливерпул во два часот по полноќ со огномет ги разбудија фудбалерите на Реал Мадрид (ВИДЕО)

 Навивачи на Ливерпул ноќеска им пречеа на играчите на Реал Мадрид да спијат.

Двете екипи ќе се сретнат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра во Ливерпул вечер со почеток во 21 часот.

Експедицијата на мадридскиот клуб престојува во хотелот „Инсајд Ливерпул“. Во 2 часот по полноќ навивачите на англискиот тим приредија огномет покрај хотелот.