Connect with us

Фудбал

Се појави последната снимка од Кристијан Ацу кој загина во земјотресот, ден пред трагедијата играчите го скандираа неговото име (ВИДЕО)

Кристијан Ацу беше пронајден мртов под урнатините, а само ден претходно бурно  го прославуваше својот гол со соиграчите.


Само еден ден пред земјотресот, тој го постигна својот прв гол по пристигнувањето во Турција, постигнувајќи гол во 97. минута за Хатајаспорт на натпреварот против Касимпаша. Тој гол му значеше многу и видовме како го прослави на теренот, но не застана тука.

Ацу го продолжи славјето во соблекувалната со соиграчите кои беа исто возбудени како и тој. Цела соблекувална славеше и го скандираше неговото име, а ова се последните моменти во кои Ацу може да се види жив.

По 12 дена потрага пронајдено во урнатините телото на Кристијан Ацу, кој трагично почина на 31-годишна возраст, веројатно неполн ден откако тој и неговите соиграчи го прославија првиот гол во дресот на новиот клуб.